ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за изборниот законик

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за изборниот законик, кој попладнево беше на дневен ред на собраниската комисија за европски прашања. Со оглед на тоа што амандманите беа поднесени неколку моменти пред почетокот на Комисијата, истата беше одложена за кусо време за да се архивираат и преведат амандманите.

ВМРО-ДПМНЕ претходно побара прекин на комисиската расправа велејќи дека амандманите не се архивирани и не ѝ се доставени на Комисијата.

Според деловникот, Комисијата има три дена за да ги разгледа амандманите и да гласа за измените на изборниот законик што ги предложи Владата.

Кристијан Ландов