А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Струмица добива верско радио – „Радио Марија Македонија“

by А1он19/07/2018 - 15:15226
Share0

Во последниот 136 број на „Службен весник“ објавена е одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитно радио на локлано ниво.

Добивај вести на вибер

„Се објавува јавен конкурс за доделување 1 (една) дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис, наменет за христијанското население, на подрачјето на општина Струмица, на локално ниво, на македонски јазик, кој ќе се емитува преку радиофреквенција определена од страна на Агенцијата за електронски комуникации на РМ, и тоа: 106.5 МHz“, пишува во објавата.

Ова е првпат Советот на АВМУ да даде дозвола за медиум што речиси целосно ќе има програма со верска содржина. До Агенцијата биле доставени барања од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од организацијата „Марија Македонија“ за радиофреквенција за емитување ваква програма.

АВМУ направила студија за тоа дали има потреба за тоа, а АЕК известила дека на територија на Општина Струмица има слободна фрекфенција. Дозволата се доделува за временски период од 9 години.

Васко Маглешов

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен