Дваесет и шестгодишниот А.Д. од Велес кој живеел како потстанар вчера во 10,45 часот бил пронајден мртов во куќа на улицата „Питу Гули“ во Охрид.
Смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.