По два часа дебата, лидерите на пауза

Од:

По два часа разговори лидерите на четирите најголеми партии во земјата, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Билал Касами од Беса заминаа на пауза.

Се очекува потоа тие да продолжат со средбата на која што се дискутира за повеќе прашања, меѓу кои составот на ДИК и претстојниот есенски референдум за името, посебно формулацијата на реферндумското прашање.

За време на паузата лидерите Заев, Ахмети и Касами седат на една маса, додека во дворот на Клубот на пратениците лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кафето го пие заедно со своите соработници.