Изгласана Декларацијата за членство во НАТО

Од:

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО.

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија во НАТО.

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека неговата партија ја поддржува Декларацијата. Тој посочи дека е придобивка да се биде дел од сојузот, но истовремено е и голема одговорност.

Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, истакна дека влезот во НАТО носи безбедност, стабилност и економските бенефиции.