Со 350 илјади евра МЕПСО ќе купува мебел, кујни, гарнитури и столчиња

Од:

АД МЕПСО објави тендер на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки со кој ќе купува мебел, кујни, гарнитури, столчиња, гардеробери, полици… Проценета вредност на договорот без ДДВ е 21.525.000 денари или над 350 илјади евра. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Набавката на кујните предвидува изработка, транспорт и монтажа. Според техничката спецификација, столчињата за раководството, за шефот на оддел, за секретарката на директорот на сектор, треба да бидат ергономски со огнооотпорна пена, висок потпирач за грб, тапацирани со природна телешка кожа и со антишок функција.

Васко Маглешов