Единствена Македонија: Заев договара само со партиите кои се за НАТО и ЕУ!

Од:

„Зоран Заев вчера обелодени дека на лидерската средба за референдумот ги поканил сите партии кои се само за членство на Македонија во НАТО и ЕУ со што продолжува да го крши Уставот во неговиот очајнички поход да сруши се што е македонско. Во Уставот е запишано дека граѓаните може да се изјаснуваат на референдум и дека Македонија може да стапи во членство во меѓународни организации, меѓутоа, во Уставот не пишува дека тие меѓународни организации треба да бидат НАТО и ЕУ, туку било која од повеќето меѓународни организации и сојузи кои постојат во светот“-, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Од партијата нагласуваат дека на лидерските средби референдумот не може да биде прашање само на една алтернатива – НАТО и ЕУ, туку е потребно почитување на концептот за референдум како прашање од интерес за целиот народ со вклученост на двете постојни алтернативи во земјата: НАТО и ЕУ или Русија и ЕЕУ.

„Зоран Заев уште еднаш го погази Уставот. Марионетската власт во Скопје очајнички се обидува да ја исклучи алтернативата Русија и ЕЕУ и секој кој размислува различно од неа и нивните странски ментори. Заев може да договара со сите партии кои се за НАТО и ЕУ само заеднички настап и референдумска кампања, но, не може да одлучува само со НАТО и ЕУ партии за суштината на референдумот како прашање од интерес за целиот народ. По доаѓањето на новата легална власт на Единствена Македонија, одговорност за кршење на Уставот мора да има“- завршува во соопштението.