Села нема покана, Касами доаѓа на лидерската средба

Од:

Денешната лидерска средба која е закажана за напладне треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта.

Во овој формат покрај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА се албанските партии кои се повикани на лидерската средба. Зијадин Села од Алијансата на Албанците нема да присуствува на лидерската средба, бидејќи не добил покана. Неговата партија сега е во опозиција, со двајца пратеници. Од БЕСА на Билал Касами велат дека поканата е очекувана, зашто претставникот во ДИК е од нивните редови.