Пуштена во употреба нова пречистителна станица во Радовиш

Од:

„Чиста и здрава животна средина и квалитетни услови за живот за сите граѓани остануваат врвни приоритети на СДСМ и Владата што ја предводи предводена од СДСМ. Во таа насока се и изградбата и пуштањето во употреба на пречистителните станици на неколку точки во земјава како дел од проектите финансирани од ИПА програмата“ – , стои во соопштието од СДСМ.

Во општина Радовиш е пуштена во употреба четвртата пречистителната станица, проект со кој наводнувањето на земјоделските површини ќе се врши со чиста и здрава вода, што е предуслов за производство на здрава храна, а во Радовишката река нема повеќе да се одлеваат отпадни води туку пречистена вода.

„Овој проект опфаќа и изградба на нов колекторски систем, како и обнова на канализационата мрежа, а ќе опслужува 25 илјади граѓани во овој регион. Со тоа одиме чекор понапред кон достигнувањето на европските стандарди за здрава и чиста средина и квалитетен живот на граѓаните“ – , се вели во соопштението.

Проектот за пречистителната станица е само дел од бројните проекти финансирани од ИПА програмата којашто во 2017 е со искористеност од 83 отсто што е за двојно повеќе во споредба со минатите години.

По Струмица, Кичево и Прилеп ова е четврта пречистителна станица пуштена во употреба, а следува изградба на пречистителни станици и во други општини во државата.