Седница на Локалниот совет за превенција на општина Маврово и Ростуше

Од:

Локалниот Совет за превенција на општина Маврово и Ростуше денеска ја разгледа безбедносната состојба во општината оценувајќи ја истата како добра,без регистрирани потешки кривични дела или нарушувања на јавниот ред и мир.

Исто така беа посочени мерките што треба да се преземат за надминување на евентуални недостатоци пред летната туристичка сезона.Во тој контекст посебен акцент беше ставен на состојбата во сообраќајот како и јавниот ред и мир.

-Тоа од причина што во периодот кој следува, посебно при крајот на овој и речиси цел месец август за неколкупати е зголемена фрекфенција на возила и присуството на граѓани,поради масовното доаѓање на нашинците од западноевропските земји.Тие летниот одмор по традиција го минуваат во родниот крај,кога се прават и многу домашни веселби, рече градоначалникот Медат Куртовски, кој претседаваше со советот.

Како што беше речено на средбата во овој период се очекуваат над седум илјади печалбари,главно од Италија, Германија,Швајцарија.

Подготвеност за доследно реалзирање на задачите и обрските од своја надлежност а се во интерес на безбедноста на жителите, од секој аспект, посочија командирите на полициските одделенија од Ростуше, Маврово, Жировница и Срезимир, Командирот на Терипротивпожарна единица од Дебар, како и директори на јавни установи,кои присуствуваа на средбата.

На средбата беше разгледана и одлуката за времена промена на режимот на сообраќај ,односно забрана за паркирање возила на дел од патиштата во населените места.