„Не е точно дека на фотографите и снимателите им било забрането да ја проследат лидерската средба. На сите претставници на медиумите им е овозможен пристап и за фотографирање и за снимање, сала за работа и сите неопходни услови. Повеќе од 20 сниматели и повеќе од 10 фотографи се внатре и непречено работат“- напиша на својот Фејсбук профил,советникот на премиерот, Марјан Забрчанец, откако дел од фоторепортерите информираа дека биле спречени во вршење на својата задача.

Во својот коментар на Фејсбук, Забрчанец наведува дека на самиот влез, безбедносните служби процениле дека просторот треба да се ослободи, но тројца фотографии одбиле да се упатат во зградата каде што се сите останати претставници на медиумите.
-Реагираа бурно со напад дека „сме се изживувале”, на што јас одговорив дека станува збор за безбедносна проценка, а не за мој личен став и дека ние не се изжувуваме со новинарите како што тоа се случуваше во изминатите 11 години. Само што се видов со фотографите со кои настана проблем, разговаравме и се договоривме дека заеднички ќе бараме решенија за подобри теренски локации за фоторепортерите согласно безбедносните стандарди-напиша тој.
