Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по еден час ја напушти лидерската средба. Тој изрази револт за предлогот на Владата за измени за изборниот законик, со кој се предлага новиот состав на ДИК, наместо со двотретинско мнозинство да се бира со помалку гласови од пратениците.
Тоа според Мицкоски е недемократски. Тој побара премиерот Заев да свика нова лидерска средба, на која би присуствувале лидерите на најголемите четири политички партии од власта и опозицијата.
Го повтори ставот на партијата дека за нив не е единствен приоритет изборот на ДИК, туку во пакет треба да се донесат сите реформски закони како што било договорено меѓу партиите.
Останатите претставници на политичките партии се се уште внатре на лидерската средба, по што се очекуав по завршувањето и тие да ги кажат нивните ставови.
