Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на својот Фејсбук профил напиша дека никој не ја попречил работат на фоторепортерите пред Клубот на пратениците, откако претходно преку социјалните мрежи се пожали фоторепортерот Роберт Атанасовски.
-Над 20 сниматели, 10 фоторепортери и над 30 новинари се присутни на лидерската средба и работат непречено. Има и еден студент по новинарство, кој е на пракса во медиум без никаква легитимација тука е и си работи-напиша Бошњаковски.

За случката реагираше и Марјан Забрчанец кој што кажа изјави дека не било точно оти било забрането фоторепортерите да ја проследат лидерската средба.
– На сите претставници на медиумите им е овозможен пристап и за фотографирање и за снимање, сала за работа и сите неопходни услови. Повеќе од 20 сниматели и повеќе од 10 фотографи се внатре и непречено работат. На самиот влез, безбедносните служби проценија дека просторот кај влезот треба да се ослободи, но тројца фотографии одбија да се упатат во зградата каде што се сите останати претставници на медиумите. Реагираа бурно со напад дека “сме се изживувале”, на што јас одговорив дека станува збор за безбедносна проценка, а не за мој личен став и дека ние не се изжувуваме со новинарите како што тоа се случуваше во изминатите 11 години, напиша Забрчанец.

