Во Клубот на пратеници пред почетокот на лидерската средба, неколку фоторепортери заминаа откако не им беше дозволено надвор да го сликаат пристигнувањето на лидерите на партии. Револтот стана поголем откако советникот на премиерот , Марјан Забрчанец им рекол дека 11 години биле газени, а сега нашле да се жалат.
– Место да сликам таму кај што треба, овојпат не ни беше дозволено сликање од ПР-от на премиерот поради безбедносни причини. Само да кажам дека јас од кога памтам за себе сликаме од таму ама сега не може. И на крај да извадам цитат од другарот Забрчанец „11 години ве газеа, сега најдовте да се жалите“, напиша фоторепортерот Роберт Атанасовски на ФБ.

