СДСМ има обврска да ја обезбеди иднината и нема да дозволиме никој да го кочи членството во ЕУ и НАТО, рече денеска на прес во Собранието, Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ.
Тој подвлече дека владејачката партија го поддржува предлогот на Владата за измени на избор на ДИК. Според Кирацовски, ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокира изборот на ДИК за да нема референдум.
„Оставаме простор опозицијата на лидерската средба да покаже конструктивност и да се откаже од бојкотот“, подвлече Кирацовски.
Галена Николовска – Ризвановиќ