Осумнаесет мигранти од Авганистан и Пакистан се откриени доцна синоќа во возило со струмички регистарски таблички на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај „Искрин мост“
Како што соопшти МВР, станува збор за патничко моторно возило „Фиат Скудо“, сопственост на З.З. (27) од Струмица, кое било пронајдено околу 23:40 часот.
Мигрантите се пренесени во Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.