Пробиштип добива нова детска градинка

Од:

Пробиштип ги проширува капацитети за згрижување на децата од предшколска возраст. Градежната фирма што го доби тендерот за преадаптација на дел од просторот во Општинското основно училиште „Никола Карев“ за згрижување и воспитување на 40 деца од денеска почува и со активностите.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека овој проект се реализира со средства од Министерството за труд и социјална политика.

-Во разговор со министерката за труд и социјала Мила Царовска со нивниот план, кој што го имаат во Министерството до 1 септември Пробиштип ќе добие нова детска градинка, односно преадаптацијата на просторот во ООУ „Никола Карев“ ќе биде целосно завршена, вели Анастасов.

Тој забележа дека со реализацијата на проектот ќе се згрижат 40 дечиња, со што и конечно ќе се реши проблемот со листата за чекање за прием на децата во градинките во Пробиштип. Преадаптацијата на просторот за детска градинка во населбата Камењар во Пробиштип чини 7.800.000 денари.