Иво Вајгл: Нема да има втора шанса за Македонија

Од:

Членството во Европската Унија и НАТО се историска шанса за Македонија. Нема да има втора шанса да се решат отворените прашања кои го оптоваруваа процесот за Македонија, порача европратеникот Иво Вајгл.

„Нема подобри услови за преговори меѓу Македонија и Грција. Компромисот е клучен за парламентаризам. Во европскиот парламент постигнавме речиси едногласност дека проширувањето треба да продолжи“, рече Вајгл.

Тој апелираше до пратениците да работат заедно и да ги стават интересите на земјата пред партиските. Дијалогот „Жан Моне“, додаде тој, покажа дека има основа за добар прогрес кој треба да продолжи.