„Зоран Заев е во очај штом почна да шири бесрамни лаги за некакви руски пари во Македонија со цел дефокусирање на јавноста од очајната посета и празните плоштади на НАТО-журките, со што народот кажа НЕ на капитулантските политики на марионетската власт во Скопје. Ваквата лажна изјава на Заев неосновано ја сместува Русија во непријателска земја спрема Македонија и го руши концептот на пријателски односи со Русија“ – стои во соопштението од партијата Единствена Македонија.
Од Единствена Македонија го потсетува Заев дека Русија е светска велесила, членка на Советот за безбедност на ОН со право на вето, ја признава Македонија под уставното име, територијалниот интегритет, унитарноста, сувереноста, идентитетот на македонскиот народ, а Путин отворено изјави дека писменоста доаѓа од македонската земја.
-Народот масовно и одлучно кажува НЕ за промена на името и влез на Македонија во НАТО и ЕУ и бара сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија. Лагите на марионетската власт во Скопје и нивните странски газди повеќе не поминуваат кај македонскиот народ и поголем дел од граѓаните. Зоран Заев да се вразуми и да и се извини на Русија за опасните провоакции на антируска основа – се вели во соопштението.
