А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Русија да разбере дека Македонија нема алтернатива освен ЕУ и НАТО, порача Заев

by А1он17/07/2018 - 10:21128
Share0

„Македонија ја подобрува соработката со Русија и води политика на пријателство, но таа треба да знае оти за нашата земја нема друга перспектива освен ЕУ и НАТО“ – истакна денеска премиерот Зоран Заев, по вчерашната информација дека руски бизнисмени ги финансирале насилните протести против промена на името.

Следете a1on на Instagram Instagram

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Базфид“ рече дека проруски грчки бизнисмени им плаќале на Македонци од 13 до 21 000 долари за да предизвикаат насилни протести пред клучниот референдум за името.

Потоа, појаснувајќи ја ваквата изјава, Заев од Скопје рече дека членовите на навивачката група „Комити“ кои беа приведени во јуни за време на протестите против договорот со Грција пред Собранието, во полициска станица рекле дека руски бизнисмени давале пари и затоа тие излегле на улица.

„Тие млади момчиња од ‘Комити’ кога нападнаа полицајци беа повикани во полиција да дадат исказ, па споменуваа дека бизнисмени од Русија давале пари, дека заради тоа тие се тука, дека тие немаат ништо против или слично“, рече Заев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Амбасадата на Русија во Скопје ги оцени ваквите изјави на Заев како политички неодговорни.

„Изјавата на Заев ја става под прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата сè повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика“, се вели во реакцијата на Амбасадата на Русија во земјата, објавена на нивниот официјален профил на „Твитер“.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео