ЈП ПОЦ: Од денеска почнува ажурирањето на податоците на паркиралиштата

Од:

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ од денес ќе почне со ажурирање на податоците на корисниците на затворените паркиралишта со кои стопанисува претпријатието заради подобрување и унапредување на паркинг-услугите, а со цел обезбедување повеќе слободни паркинг-места за жителите.

Сите корисници на затворените паркиралишта ќе бидат информирани преку СМС-порака и ќе треба лично да дојдат во дирекцијата на ЈП ПОЦ со документите потребни за добивање кориснички договори за паркинг.

Ажурирањето на податоци ќе почне од паркиралиштето „Дом на градежници“, а во наредните два месеца ќе се спроведе и на останатите две затворени паркиралишта „Аутомакедонија“ и „Трготекстил“.