Навивачката група „Комити“ на денешниот марш за Никола Саздовски порачаа дека очекуваат обвинението да се смени од насилство во убиство.
– Решето го случајот или ние ќе го решиме. Бараме вистинска, а не селективна правда, порачаа тие.
Како што рекоа од „Комити“, во земјава се случуваат флагрантни и безобразни кршења на правдата и законите за политички интереси и побараа тоа да не се случи за овој случај.
– Бараме институциите на системот, полицијата, ОЈО и судството да ја спроведе правдата за одземениот живот на нашиот непрежален, Никола Саздовски – Саздо. Новинарите и медиумите објективно и непристрасно да пренесуваат информации и да не заташкуваат и предизвикуваат гнев и бес, рекоа од „Комити“ на протестот.
Според нив, се работи за свирепо убиство за кое треба најстрога казна.
– Бидејќи сме пред се луѓе, бараме да се цени човечкиот живот и да не се злоупотребува и избегнува правдата преку некакви изговори за разноразни политички, етнички и други односи. Убијците мора да бидат казнети, правдата мора да биде задоволена и да важи еднакво за сите, рекоа „Комити“
Виктор Јованов
