(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Јовановски и Локвенец не ги исполнија ветувањата

Од:

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, ги обвинија градоначалникот Илија Јовановски и пратеникот Хари Локвенец од СДСМ, дека ги излажале прилепчани со изборни проекти, а не им го ветиле единственото нешто што го спроведуваат, промена на името на државата.

-Вашето неработење и вашата неспособност ја криете зад лажната европска иднина, а всушност сте директни учесници во срамното уништување на се што е историја и што со векови му припаѓа на нашиот народ. Наместо да се засрамите, вие уште и учествувавте во некаква си прослава за наводен „историскиот успех” која доживеа целосно фијаско, и тоа не само во Прилеп, туку ширум сите градови низ Македонија. Секој изминат ден излегуваат на површина лагите, манипулациите и цела неспособност на СДС-велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Оттаму додаваат дека градоначалникот Јованоски во своето обраќање потенцирал дека „Македонија добила покана за НАТО, и дека имала датум за преговори со ЕУ“.

-Она што градоначалникот и пратеникот Локвенец заборавија да им кажат на прилепчани е тоа дека оваа покана за во НАТО не е ништо повеќе од поканата која Македонија ја доби во 2008 година, ама со една многу битна разлика. За разлика од 2008 кога за влез во НАТО се бараше само промена на името, сега во 2018 се бара целосна имплементација на срамниот договор кој Заев го потпиша со Грција. Или, целосно бришење на националните интереси, култура и македонско културно наследство-истакнаа од партијата.