(ВИДЕО) Разбојништво на автопатот Куманово-Скопје: Од автомобил украл 73.000 евра

Од:

Триесетгодишниот И.И. кој на 12-ти овој месец украл торба со 73.000 евра од автомобил на автопатот Куманово-Скопје, доби пријава од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите на МВР, осомничениот го забележал оштетеното лице на бензинска на автопатот каде приметил дека на совозачкото седиште има торба со пари. Кога оштетениот тргнал од бензинската кон Скопје И.И. го стигнал со своето возило по што му сигнализирал велејќи му дека мора да застане бидејќи десното задно тркало му е оштетено. Откако оштетениот запрел, и И.И. го запрел возилото по што насилно му ја зел торбата со пари и избегал во непознат правец.

Од МВР не кажаа што се случува со украдените пари односно, дали приведениот И.И ги вратил на оштетениот или пак на полицијата.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, изјави дека МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Виктор Јованов