Пајакот почна да отстранува непрописно паркирани возила на струшките улици

Од:

Јавното претпријатие „Еко Струга“ денеска почна со отстранување на неправилно паркирани возила на јавните сообраќајни улици во Струга.

Отстранувањето, како што соопшти општинската прес-служба, ќе се врши со пајак возило по налог на службено лице од собраќајната полиција.

Возилата што ќе бидат отстранети со пајакот ќе бидат пренесени на паркингот на Јавното претпријатие „Комунално“ Струга.

Трошоците за пајакот доколку пристигнете на местото пред да биде подигнато возилото се 1.700 денари, а за одржување на автомобилот на паркингот на ЈП „Комунално” 1.500 денари или вкупно 3200 денари, плус глоба од МВР.

Предавањето на отстранетото возило, според соопштението, ќе се врши по извршената наплата на трошоците за отсртанувањето, односно со приложување документ за платени трошоци.