Повреден пешак во сообраќајка во Куманово

Од:

Педесет и двегодишна кумановка се здобила со тешки повреди, откако во неа удрило моторно возило „Рено Твинго“, управувано од 57-годишен кумановец.

Како што информира МВР, настанот се случил синоќа околу 20,30 часот на улицата „Доне Божинов“во Куманово.

Повредена поради тешките повреди била пренесена во Општа болница Куманово, но поради сериозонска на повредите е испратена на скопските клиники.

Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.