А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Над 320 грчки интелектуалци го поддржуваат Договорот од Преспа

by А1он16/07/2018 - 10:25234
Share0

Ние, левичарите, демократите и прогресивните граѓани, го поддржуваме Договорот, бидејќи сме против национализмот и ревизионизмот и се залагаме за мирно, солидарно, европско, балканско соседство, бидејќи Договорот ги надминува националистичките и верските тензии, пишува во текстот потпишан од над 320 грчки интелектуалци, меѓу кои универзитетски професори, новинари, писатели, за поддршка на Договорот од Преспа.

Добивај вести на вибер

Потписниците сметаат дека решението меѓу Македонија и Грција „ја обезбедува иднината на народите од двете земји, но и балканското соседство со мир, солидарност и заеднички развој“, целосно одговара на грчките позиции за сложено име со географска одредница и „јасно ги одредува политичките, историските и културните граници меѓу грчката Македонија и Северна Македонија“.

-Ги почитува достоинството и правото на самоопределување на соседната земја. Го потврдува јазичниот договор (како што е признаено од нашата земја веќе со децении) и државјанството на соседната земја и ја покажува во пракса волјата на Грција за градење на стабилна иднина на пријателство и мир со „Северна Македонија“. Грција, како демократска и европска земја ги почитува одлуките и основните принципи на ОН, пишува во текстот.

Според грчките медиуми, својот потпис досега го ставиле вкупно 326 лица, а потпишувањето продолжува.

Меѓу потписниците има универзитетски професори, новинари, историчари, актери, режисери, писатели, адвокати.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен