Центри за упатување жртви на сексуално насилство денеска ќе бидат отворени во Општата болница Куманово. Нивното отворање е поддржано од Владата, Обединетите нации (агенциите УНДП и УНФПА) и здружението на граѓани „ХЕРА“.
Најавени се обраќања на постојанaта координаторка на Обединетите нации Луиза Винтон, министрите за здравство, за труд и социјална политика и за внатрешни работи Венко Филипче, Мила Царовска и Оливер Спасовски, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и директорката на Општа болница Куманово Снежана Захариева.
Вакви центри се отвораат и во Клиничката болница Тетово и во Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје.
Центрите за упатување на жртви на сексуално насилство се отвораат по ратификација на Истанбулската конвенција и се стандардни и предвидени во самата конвенција.
