Дурловски: Направија кариери на сметка на традицијата, а сега за пет пари ја продадоа

Од:

Оперскиот пејач Игор Дурловски се огласи на Фејсбук поради најавената прослава за поканата од НАТО, за почеток на пристапни преговори за членство во алијансата. Тој напиша дека пејачите направиле кариери на сметка на македонската традиција, а сега, како што вели, за пет пари ја распродале.

В сабота ќе настапат 40 познати музички ѕвезди, како Кирил Џајковски, „Архангел“, Дејан Декс, Дуке Бојаџиев, Горан Кан, Ферус Мустафов, Слаткар, Бени Нон Стоп и Златко Ориѓански, Ерик Фокс, Феки Ферис, „Ареа“, Кристина Арнаудова, „Нокаут“, Адријан Гаџа, Владо Јаневски, Лепи Џони, „Баклава“, „Фолтин“, Лозано, Дани Димитровска, Елена Ристовска, ДНК.

Некои од пејачите велат дека не знаеле дека ќе настапуваат за поканата на НАТО.

Владата не знае колку пари ќе бидат потрошени за големата прослава по повод поканата за влез во НАТО.

„Во наредните денови, кога ќе се утврдат сите детали за прославата, јавно и транспарентно ќе ги соопштиме сите информации за трошоците и организацијата на настанот“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата, за „Макфакс“.