Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари упати апел до граѓаните на Гостивар и полицијата да бидат потолерантни кон иселениците, кои летните одмори ќе ги поминуваат во општината. Во апелот на градоначалникот се наведува дека доколку помладите не биле доволно дисциплинирани во сообраќајот или се однесувале на начин кој постарите може потешко да го прифатат, граѓаните и полицијата да биделе толерантни.
– Деновиве нашите иселеници доаѓаат во родниот крај за да ги поминат летните одмори. Најголемиот прилив се очекува викендов и во деновите што следат. Гостивар, во соработка и со други институции и разни граѓански здруженија, се залага годинава престојот на иселениците во својата татковина, да им го направи што попријатен и што попривлечен, вели Таравари во апелот.
Тој додава дека тие во родниот крај се само неколку дена, а трошат и инвестираат многу со што ја држат во живот економијата на државата.
– Ако мал дел од нив, во главно помладите, не се доволно дисциплиниран во сообраќајот, и заедно со други млади од нашиот град се однесуваат на начин кој потешко можат да го прифатат постарите генерации, сепак треба да биде малку поширокогради и потолерантни, сé додека нивното однесување не остава последици, или не претставува некоја посериозна повреда на законот и нормативите.
Оттука, и годинава упатувам апел до Полициската станица – Гостивар, односно до командирот на Полициската станица, да ги мобилизираат што поефикасно полициските службеници да бидат на ниво на задачата, повеќе да влијаат превентивно и што повеќе да асистираат што повеќе за успешно справување со гужвата во сообраќајот, без да се има потреба за казнени мерки, вели Таравари.
