„Бошњачкиот демократски сојуз како политички претставник на Бошњаците во Република Македонија ја поздравува одлуката на членките на НАТО за отпочнување на преговори со нашата држава за приклучување кон НАТО Алијансата.
Република Македонија од прогласување на независноста па се до денес прави напори и врши реформи со кои има за цел да биде дел од НАТО и ЕУ.
Бошњаците како граѓани на Република Македонија ја гледаат иднината на нашата заедничка држава во НАТО, бидејќи тоа претставува безбедносна гаранција како за Република Македонија така и за Балканскиот полуостров.
Очекуваме дека процесот на преговори за членство во НАТО ќе се реализира во најкраток можен рок, но за истото е потребна посветеност не само од страна на Владата на Република Македонија, туку и на сите останати политички организации и институции во Република Македонија.
Бошњачкиот демократски сојуз ги става на располагање своите скромни ресурси и капацитети за спроведување на оваа цел“ се вели во соопштението на Бошњачкиот демократски сојуз.
