ВИДЕО: Заев го бакна пенкалото, кое што го доби од Столтенберг

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, заедно со поканата за членство во НАТО која му ја врачи на претседателот на Владата, Зоран Заев, симболично му подари и пенкало.

Откако се фотографираа со поканата, Заев го бакна подареното пенкало.

За време на свечената церемонија генералниот секретар на НАТО истакна дека по завршувањето на внатрешните процедури и ратификување на договорот, Македонија ќе седи на иста маса со сојузниците.