Камион и такси возило се судрија кај „Рампа“

Од:

Такси возило и камион попладнево се судрија во Кисела Вода кај „Рампа“.

Очевидец за „А1он“ раскажува дека несреќата се случила во моментот кога на крстосницата пристигнал полициски службеник за регулирање на сообраќајот, бидејќи семафорите не работеле.

„Сообраќаецот му даде знак на камионот да вози и тогаш се случи сударот“, раскажува очевидецот.

Засега нема детали за состојбата на учесниците во несреќата.