НАТО ја покани Македонија да започне пристапни преговори

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција кажа дека НАТО ја кани Македонија да започне пристапни преговори за членство во алијансата.

Како што кажа тој, Македонија ќе стане 30. членка на НАТО откако ќе бидат завршени сите национални процедури и договорот за името со Грција ќе биде комплетиран.

Столтенберг на новинарско прашање додаде дека Македонија не може да стане членка на НАТО без решавање на проблемот за името.

– Не може и двете. Не може во НАТО со нерешен проблем за името. До граѓаните е да одлучат. Ова е животна шанса. Јасно порачавме дека земјата ќе стане 30 членка на НАТО, кога ќе завршат сите внатрешни процедури, рече Столтенберг.

Васко Маглешов