Нешто помалку од 10 илјади евра ќе се издвојат од буџетот на општина Кавадарци за одбележување на празникот на лозарите „Свети Трифун“, на 14 февруари. Вака одлучија советниците од кавадаречкиот општински Совет на 62 седница која штотуку заврши.
Програмата за одбележување на празникот кој се смета за заштитник на лозарите покрај традиционалното закројување на винови лози предвидува и изложби со тематики од лозарството и винарството, како и дегустирање на вино и ракија. Планираните активности ќе ги реализира локалната самоуправа во соработка со домот на културата „Иван Мазов Климе“ и Кавадаречкиот музеј.
– Особен акцент ставаме на зачувување и негување на обичаите типични за Тиквешкиот лозаро-винарски регион, нагласи претседателот на Советот, Илија Тренчев.