Навивачката група „Комити“ се собраа на западната трибина на Градскиот стадион во Скопје во чест на починатиот Никола Саздовски, кој на 29-ти јуни беше претепан од три лица во Автокоманда.
Од Градскиот стадион во парк, каде Комитите имаа мирен собир, отидоа на погребот на Никола во село Ракотинци.
Во Градскиот парк, забележливо беше и присуството на полицијата.
21-годишниот Никола Саздовски кој беше член на навивачката група „Комити“, десет дена беше во кома, откако на 29-ти јуни беше претепан од три лица во Автокоманда. Саздовски почина вчера на Карил.
Виктор Јованов
