А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Новата истрага за Кингерот откри низа недоследности

by А1он28/01/2013 - 17:4093
Share0

Многу битни факти биле занемарени во претходната истрага која го испитува падот на Кингерот во кој загина претседателот Борис Трајковски – покажа новата истрага која е отворена, пренесе Канал 5.

Добивај вести на вибер

Криени извештаи за неисправност на инструментите на мостарскиот аеродром, непостоење на процедури и правилници за организирање на летови со владиниот кингер, неиспитан авионскиот ГПС уред за просторно лоцирање, немање контрола на цивилната воздушна пловидба се недостатоците на претходната истрага за падот на владиниот Кингер.

Кингерот во текот на кобниот лет немал контакт со инструментот ВОР најмалку 18 секунди. Станува збор за уред кој овозможува инструментално слетување на авионот на аеродроми каде што нема радар како што е случајот и со мостарскио аеродром.

Во првата истрага не е проверено дали инструментот бил исправен. Иако пред две години била извршена проверка на овој инструмент, Резултатите кои покажувале отстапување на инструментот никогаш не биле предадени на надлежните аеродромски воени служби во Босна.

Исто така, ГПС уредот на авионот воопшто не бил проверен. ГПС уредот потоа е заштитен и предаден на крим техниката на МВР и сега новата истрага ќе треба да го провери.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен