ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ширењето на лагите на Зоран Заев дека некој друг ќе им ја сработи работата што граѓаните ја очекуваат од владата, не и помага на Република Македонија.
СДСМ се надева дека со прифаќање на капитулацијата ќе успее да влезе и во НАТО и во ЕУ. СДСМ одбра наместо со реформи и работа да се обиде да напредува со откажување од се што е македонско.
Да се откажеш и да ги предадеш највисоките државни и национални интереси не е одење “Напред”, а бегството од граѓаните не е “успех”. Напротив, Заев и неговата капитулантска влада ја вратија Република Македонија во време на најголемата недоверба кон соседите.
Единствено што СДСМ и Зоран Заев бранат не се интересите на Македонија, туку интересите на криминалниот картел. Но едно е сигурно, тој картел може да биде тапкан по рамо, но нема да влезе во ЕУ.
Граѓаните ги видоа и „растот на економијата“ и „новите работни места“ и „безбедноста“ и „повисоките плати“ што ги ветуваа СДСМ и Зоран Заев. Секој ден е потврда дека освен лага и манипулација, СДСМ и Заев немале ниту капацитет, ниту план да направат нешто за граѓаните.
Македонската иднина ќе ја обезбедат ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, оние од кои Заев и СДСМ најмногу се плашат.
Тоа нема да го спречат ниту Заев ниту неговото министерство за вистина“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.