Адвокатот на оштетениот пратеник Зијадин Села, Абедин Абдули, по изрекувањето на пресудата за обидот за убиство на Зијадин Села, потврди дека се води нова истрага за обидот за убиство на неговиот клиент.
„Процедурата за тие лица кои беа видени ви последното видео е во постапка и очекуваме во септември да имаме ново обвинение. Во моментот кога било покренато обвинението, за тие лица не постоеле докази дека се вклучени во обидот за убиство на Села“, рече Абдули.
Неофицијално, осомничени во новата истрага се десетина насилници кои не беа опфатени во ова обвинение против 10-темина веќе осудени.
Судот денеска изрече вкупни казни затвор од 82 години против 7 лица за обидот за убиство на Зијадин Села.
Васко Маглешов