ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ кое што се однесуваше на видео обраќањето на Христијан Мицкоски.
„Граѓаните се вознемирени од антидржавните политики на Зоран Заев и СДСМ.
СДСМ е целосно избезумен и без компас. СДСМ е заразен со синдромот Заев. Во 15 реда успеваат да излажат и потоа да се демантираат.
Пред да пуштат апсурдно и неиздржано соопштение со кое што сакаат да ја манипулираат јавноста, добро е да се договорат дали Струмица е европски град или намерно заборавен град. Дали носењето на Џонсон Контрол да инвестира во индустриска зона Струмица е добро или лошо?
Ниту едно соопштение од СДСМ нема да го скрие фактот дека Зоран Заев ја понижи Република Македонија и трајно ги наруши нашите меѓународни позиции.
Затоа народот е разочаран и гневен и единствена заштита гледа во ВМРО ДПМНЕ.
Затоа ВМРО ДПМНЕ заедно со народот ќе маршира во знак на протест во Струмица, во недела со почеток во 13 часот.
Оваа ненародна и антидржавна власт мора да падне. Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
