Дрејк призна дека има дете

Од:

Изненадувачки, Дрејк откри дека има дете кое вешто го криел од јавноста. Познатиот рапер направи неочекувано признание во стиховите на една од неговите песни на неговиот нов албум „Скорпион“.

31-годишниот Канаѓанец потврди дека станал татко пред една година, како мајка на неговиот син е поранешната порно ѕвезда Софи Брусау.

Гласините дека предметната Французинка Софи е бремена од поп ѕвездата се појавија уште во почетокот на минатата година.

Според пишувањата во жолтиот печат, Дрејк побарал од Брусау да направи абортус нудејќи и пари, но таа го одбила.

Во песната „Без емоции“, Дрејк вели „не го криев моето дете од светот, но го скрив светот од моето дете“.