Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека тие стојат на ставот дека се за чекорење кон патот на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, но оти нема да застанат рамо до рамо со оние, како што кажа, што ја потпишаа капитулаицијата.
Вицепремиерот Бујар Османи претходно побара опозицијата да каже на која страна се наоѓаат од евроинтегративниот процес.
– Опозицијата го поддржува евро-атлантскиот пат на Република Македонија од самото нејзино формирање како политичка субјект ВМРО-ДПМНЕ е на таа траекторија и нема отстапување од таа траекторија. Но, истовремено опозицијата е свесна дека во услови кога целата македонска јавност и меѓународна заедница гледа како премиерот бара мито од повеќе 100-тици илјади евра, кога гледа дека Македонија е цврсто закована на дното по сите економски параметри во Европа, кога гледа дека нема реформи по ниту еден основ и во ниту една област во Република Македонија веќе повеќе од 13 месеци, тогаш на опозицијата и е јасно дека и покрај ова капитулантско дело евро-атлантска иднина за Република Македонија нема. Најмалку што треба сите оние министри кои што се занимаваат со евро-атлантските интегративни процеси на Република Македонија поради ова фијаско што го направија на дипломатски план да си поднесат од морален чин оставка веднаш, рече Мицкоски.
