Во паркот Жена борец во Скопје изутринава се одбележуваа 70 години од прогонот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Цвеќе пред споменикот положија од Кабинетот на претседателот на државата и од Светскиот македонски конгрес. Присутните извикуваа „Македонија, Македонија“.
„Ова е протест и против договорот за велепредавство меѓу Димитров и Коѕијас“, рекоа учесниците. Тие извикуваа „Уа” кога беше споменат договорот со Грција за промена на името.
На манифестацијата е присутен и Ташко Јованов, претседател на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, кое го донираше споменикот на Андон Јанев Ќосето.
Пред споменикот цвеќе положија делегации на ВМРО-ДПМНЕ, како и на ГРОМ на Стефчо Јакимовски. Присутните ги прозваа и СДСМ да положат цвеќе, но откако не дојде никој, почнаа да извикуваат „Уа”.
Васко Маглешов
