Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска оствари работна средба со претседателот на Здружението на судии на Република Македонија, д-р Џемаил Саити.
На средбата се разговараше за реформите во судството, подобрување на статусот на судиите и обезбедување независност на судството, реформирање на системот за оценување и евалуација на работата на судиите, и ефикасноста на судските постапки.
Министерката Дескоска изрази заложба за продолжување на соработката со Здружението на судии на Република Македонија и потенцираше дека партнерскиот однос ќе продолжи и во спроведувањето на реформите во правосудството.
