Нови 26 енергетско-ефикасни фасади во општина Центар

Од:

Општина Центар продолжува со реализацијата на уште едно предизборно ветување. Тоа е проектот за обновени енергетско-ефикасни фасади. Ова е со цел да се обезбеди поквалитетен живот на граѓаните на Центар. Новите фасади ќе го задржат автентичниот изглед на зградите и боите за кои последниот збор ќе го имаат жителите. Фасадирањето ќе биде на целата зграда, и не со барок туку енергетско-ефикасни фасади кои ќе значат голема финансиска заштеда за семејниот буџет. По реконструкцијата, заштедите на сметките за топлинска енергија ќе бидат намалени за една третина.На огласот, кој го објави општина Центар, беа поднесени вкупно 65 пријави, а Комисијата донесе одлука во првата фаза да влезат 26 станбени објекти врз основа на исполнети услови и критериуми.

Тоа се следните станбени згради:

1.ул.Петар Поп Арсов бр.36
2.ул.Ѓуро Ѓаковиќ бр.39 (Мирослав Крлежа)
3.ул.Ленинова бр.3
4. ул.Дебарца бр.17
5.ул.Дане Крапчев бр.21
6.ул.50 Дивизија бр.39
7.ул.Цицо Поповиќ бр.3
8.ул.Никола Тримпаре бр.24/3
9.бул.Илинден бр.81
10.ул.Ленинова бр.25
11.ул.11 Октомври бр.29
12.ул.Мирослав Крлежа бр.51
13.бул.Илинден бр.43
14.ул.Вељко Влаховиќ бр.25
15.ул.Цицо Поповиќ бр.5
16.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.10
17.ул.Шумадиска бр.18
18.ул.Франклин Рузвелт бр.48
19.бул.Илинден бр.9/1,2,3,4
20.ул.Шумадиска бр.16А
21.ул.Рајко Жинзифов бр.50,влез 1,2,3,4
22.ул.11 Октомври бр.42
23.ул.Цицо Поповиќ бр.1
24.ул.Рајко Жинзифов бр.51,влез 1 и 2
25.ул.Ристо Шишков бр.12
26.ул.Ѓуро Ѓаковиќ бр.54А

За станбените згради кои се одбрани во првата фаза од Јавниот повик во следниот период ќе се изготвува проектна документација и во зависност од целокупната прибавена документација ќе се отпочне со реконструкција на фасадите по тој редослед. Овие згради се планира да се реконструираат во период од две години.

Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на станбената зграда за колективно домување за секоја одобрена апликација, поднесена од заедница на станари или од мнозинството сопственици на посебните делови од станбената зграда апликант.

Ако во семејство кое живее во колективната станбена зграда која е избрана за реконструкција на фасада има социјален случај или лице со посебни потреби, врз основа на документ со кој ќе се докаже тоа, Општина Центар ќе го финансира неговиот дел при финансирање за реконструкција.

Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада.
Предуслов за отпочнување на реконструкција на фасада е да бидат уплатени средства во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на жиро сметка на Општина Центар.