Група демонстранти протестираат пред Собранието на Република Македонија против промена на името на државата, откако денеска во парламентот беше ратификуван договорот помеѓу Македонија и Грција. Од пред Собранието, демонстрантите се упатија на Водно, кај вилата на претседателот Иванов.
