Глас за Македонија: Марионетската власт не одбира начини да се спротивстави на народот

Од:

„ГЛАС за Македонија најостро го осудува нападот со шок бомби и солзавец врз голоракиот народ кој беше излезен на мирни протести во неделата навечер. За прв пат видовме како навистина се брани режим. Молчи нивниот Хелсиншки комитет, молчи нивниот Цивил кој ќе ловел “говор на омраза“. Проѕирно и патетично.

Марионетската власт не одбира начини да се спротивстави на народот, зад чиј грб тајно преговараше и потпиша спогодба на целосна наша штета. Во секој нареден чекор, а по упатства на нивните спонзори, се прави уставен експеримент и прекршување на секоја правна меѓународна норма. Вештачката нација која одбрале да ја креираат постои само во нивните фашизоидни умови.

Затоа токму вашите шок бомби беа клучен момент на отрезнување. Ние одиме напред да го сочуваме она што ни припаѓа и во кое, најмалку вие и вашите платеници сте оставиле неизбришливи светли траги.

Нашата борба ќе трае се додека не се повлече овој срамен договор, додека не се распушти ова ненародно Собрание и додека не падне квислиншката власт која ќе остане запаметена како најгрда епизода во нашата понова историја.

Правото и правдата се на наша страна, очајници“ се вели во соопштението на Глас за Македонија.