(ВИДЕО) Јакимовски: Заев и Димитров ќе одговараат пред државните институции за промената на името

Од:

Зоран Заев и Никола Димитров немаа мандат да преговараат за име – ерга омнес, тие можеа да преговараат само за двојна формула. Ова што е направено е надвор од рамките на државниот концезус, што значи дека тие мора да одговараат пред институциите и пред историјата, изјави претседателот на партијата ГРОМ, Стевче Јакимовски на денешниот протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Јакимовски договорот со Грција, го оцени како приватен договор на Заев и Димитров и рече дека тој договор е поддржан од тие што го поставиле.

– Секој патриот, секој чесен граѓанин, секој што држи до достоинството треба да им каже дека некои прашања не заслужуваат одговор. Референдумското прашање не заслужува одговор и народот треба да си ја гледа работата. Јас и мојата партија сигурно ќе го бојкотираме референдумот, рече Јакимовски.