А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Новинари од регионот на туристичко патување во Македонија

by А1он17/06/2018 - 11:10134
Share0

Новинари од Србија, Хрватска, Бих и Црна Гора чија специјалност и професионалност е туризмот, од утре до четврток ќе престојуват во Македонија. Домаќин и организатор на нивното туристичко патување е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Следете a1on на Instagram Instagram

Новинарите треба да пристигнат во Скопје, каде првиот ден ќе прават репортажи за Старата Чаршија, Старата железничка станица, Спомен куќата на Мајка Тереза, црквите „Св. Спас“ и „Св. Димитрија“, плоштадот „Македонија“, Калето,…

Претпладнето во вторник е резервирано за Пантелејмон и Кањонот Матка, а попладне се оди за Маврово и Дебар каде новинарите ќе имаат можност да ги видат руралните предели на Македонија. Во овој дел е вклучена и посета на манастирите „Јован Бигорски“ и „Рајчица“.

За среда е планиран Охрид, посета на неговите природни и културни знаменитости и обележија, додека во четврток на агендата се Битола и винскиот регион на Македонија, со посета на кралската винарија „Вила Марија“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како што велат од АППТ за МИА, на дел од новинарите во турата специјалност им е гастрономијата, поради што е договорено снимање на подготовка на македонски специјалитети во секој регион што ќе биде посетен.

Информативното патување на новинарите од регионот беше прелиминарно договорено на интернационалните саеми за туризам во Белград и Заграб на кои учествуваше Агенцијата за туризам предводена од директорот Љупчо Јаневски.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео