Конечно се најдоа двајца лидери со малку мозок во нивните глави за да стават конечен крај на спорот, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во говорот за време на расправата во грчкиот парламент.
Ѕанакопулос истакна дека со договорот, се затвора векот на Големи идеи, на национализми, на екстремизми и ескалации.
Говорејќи за опозициите во двете земји, рече дека доколку се споредат изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија, тие се идентични.
– ВМРО-ДПМНЕ го нарекува господинот Заев предавник. Нова демократија и господинот Мицотакис го нарекуваат господинот Ципрас предавник. Прашањето е, на крај кој од двајцата е предавник? Господинот Ципрас или господинот Заев? Никој од нив двајца не е предавник, дами и господа од опозицијата. Едноставно, конечно се најдоа двајца лидери со малку мозок во нивните глави за да стават конечен крај на еден спор што лишуваше дипломатски и политички капитал од Грција, но и од Балканот. Се најдоа двајца лидери, конечно да го затворат поглавјето на националистичка ескалација и на приврзаниците на Големата идеја кои не се однесуваат само на нашите соседи, туку се однесуваат и на вашите големи идеи и на вашите националистички апсурди, рече Ѕанакопулос, обраќајќи се до опозициската Нова демократија.
Во голем дел од говорот, Ѕанакопулос со критики и обвинувања, одговори на критиките и обвинувањата од Самарас, кој говореше пред него во грчкиот парламент.
Рече дека поранешниот премиер, на начинот на кој управуваше со преговорите „ги дестабилизираше односите со соседната земја“ и порача дека Нова демократија „го има послано тепихот за национализмот“.
